Ваков маж и треба на секоја жена

Ваков маж и треба на секоја жена
Ваков маж и треба на секоја жена

На вистинските жени не им е лесно да го најдат вистинскиот маж за себе, но за среќа, тој редок вид мажи, сепак постои. Вистинските жени се самоуверени, силни, величествени и не се плашат да истапат и да го побараат она што го сакаат. Секако за тоа е потребна интелегенција, образование, амбиција, смисла за хумор и уште многу други работи.
Вистинската, алфа жена, не бара алфа маж, затоа што тој може да и пружи само предизвик, но не и сигурност.
Од друга страна, бета мажот неможе да и го пружи предизвикот што и е потребен. За среќа, постои трет вид мажи, кој пак е идеален за алфа жените. Еве кои особености мора да ги поседува:

Знае да „подбуцнува“

Саркастичен е и може да ве „боцне“ исто како и вие него, но знае да поднесе шега на сопствена сметка.

Може да ве подигне

Тој е силен како вас, но е малку поумерен. Секогаш ве тера да бидете што е можно подобри, а вие затоа го сакате. Со него никогаш не вие здодевно.

Има свои планови и не зависи од вас

Баш како што ве поддржува да имате сопствен живот, и покрај него и не му пречи што излегувате со другарките, така и тој има сопствени пријатели и никогаш нема да ви замери што имате и други интереси.

Ги чува вашите тајни

Знаете се еден за друг, но имате бескрајна меѓусебна доверба. Тој никогаш нема да ги искористи вашите слабости против вас, ниту ќе ги открие вашите тајни.

Знае како да излезе на крај со вас

Тој ви е најголема утеха кога тоа ви е потребно и знае како со вас, кога не сте добро расположени. Тој ви е голема потпора, но знае да ви отстапи простор ако тоа ви е потребно.

Кога ќе се извини, тоа го мисли

Тој е маж, а не момче, што значи дека ќе признае кога нешто згрешил и ќе се извини и нема тврдоглаво да тера по свое иако знае дека не е во право.

Живеете со исто темпо

Знае што сака и го почитува она што знае дека вие го сакате. Некако во животот речиси секогаш се движите со исто темпо. Тој не се форсира, туку оди од една до друга цел.

Тој не ве омаловажува, но не ве крева до небо

Ве третира како силна жена, ужива во тоа помалку да ве размази, но никако не дозволува да го третирате како будала. Тој е ваш партнер, а не ваш спонзор и ќе биде тука за се. Нема да ве омаловажува, ама нема да дозволи ниту вие да му го правите истото.

Ве учи, но не се прави паметен

Најдобри врски се оние во кои партнерите учат еден од друг. Од него секогаш ќе можете многу да научите, но никогаш нема да ве форсира или нешто да ви наметнува.

Знае да ве насмее

Мерлин Монро рекла дека ако можеш да насмееш жена, тогаш можеш се. Секогаш ве засмејува и взаемно уфрлате сарказам во разговорот, така што никогаш не ви е здодевно.