Се отвори фабрика за чипс во Кравари – инвестиција со нови 100 вработувања

Фабрика за чипс во Кравари - нова браунд филд инвестиција
Фабрика за чипс во Кравари - нова браунд филд инвестиција
Премиерот Никола Груевски, денеска во битолското село Кравари ја пушти во работа новоотворената фабрика за производство на чипс, браунд филд инвестиција на Горданчо Мирчевски, наш иселеник кој се врати од Австралија.

– Инвестицијата на нашиот сограѓанин Горданчо Мирчевски во родниот крај е типичен пример за голем број Македонци кои ниту далечината, ниту времето, ниту пак стандардите на високо развиените земји не ги одделија од својата татковина. Македонија во своето поблиско и подалечно минато беше изложена на голем одлив на население. Многумина заминаа, но никогаш не заборавија на Македонија. Секогаш кога може македонската дијаспора помага во секоја смисла на зборот. За жал, многу наши луѓето кои во минатото сакаа своето занење и својот тешко заработен капитал да го вложат во својата татковина беа соочени со бројни потешкотии и недоразбирања. Сепак оваа Влада ја промени таквата слика и повеќе години наназад ние интензивно работиме на зацврстувањето на релациите со македонската дијаспора и нејзино анимирање за вклучување во актуелните општествени политички реформски и бизнис процеси во Македонија, рече Груевски.

За време на денешната свеченост премиерот Груевски уште еднаш потсети дека кај нашите во дијаспората има извонредно богатство на искуство и потенцијал, знаење и умешност што можат да придонесат за напредок на Македонија во