Се отвори фабрика за чипс во Кравари – инвестиција со нови 100 вработувања

секој поглед и посебно во делот на бизнис и економската соработка.

gruevski-fabrika-cips3

– Ваквото поттикнување во изминатите години придонесе многу луѓе од дијаспората да се вклучат во разни сегменти од нашето општество. Фабриката која денес ја отвораме е уште еден од позитивните примери во оваа насока. Инвестицијата се проценува на околу 3 милиони евра, а во неколку години планирано е да се вработат околу 100 лица. Она што е од особено значење е тоа што ова ќе биде прво македонско производство на чипс од свеж компир и ќе значи голем број индиректни работни места, соработка со повеќе домашни фирми и откуп на поголеми количини компир од македонските производители. Севкупно ова е одличен пример кој верувам дека ќе придонесе и многу други  Македонци да најдат свој интерес за инвестирање во Македонија, истакна Груевски.

Тој потсети дека Македонија и понатаму е лидер во регионот и една од најдобрите држави во Европа по условите за правење бизнис. Таквиот статус, истакна, од година во година е се подобар и подобар и ние и понатаму се трудиме да го подобруваме.

gruevski-fabrika-cips2

– Нашите политики за македонската дијаспора се општо познати и ние и понатаму ќе се залагаме Македонците од дијапосрата да имаат што поголемо влијание и што посилни релации со својата татковина. Еден од многуте примери за позитивните ефекти од таквите политики е и оваа фабрика која денес ја отворивме, рече премиерот Груевски.

gruevski-fabrika-cips1

Во своето обраќање  министерот за странски инвестиции Бил Павлевски предочи дека фабриката посебно ќе биде интересна за земјоделците производители на компир од коишто  ќе се врши диркетен откуп на суровината потребна за производство на чипс од свеж компир.

– Отворањето на фабриката за чипс ќе значи заживување и економски просперитет не само за жителите на селото Кравари, туку и за околните рурални средини во битолскиот регион и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања, рече Павлевски.

cips-bitolsko

Инвеститорот на новата фабрика Мирчевски јавно се заблагодари на Владата на РМ за, како што рече, охрабрувањето нашата бизнис идеја да ја претвориме во дело.

– За да се вратиме од Австралија и да инвестираме во Македонија бевме поттикнати од добрите мерки на Владата на РМ  и нивниот добар однос кон инвеститорите. Лично се заблагодарувам на премиерот и неговата администрација за поддршката во реализацијата на овој проект. Иако оваа инвестиција не е голема сепак вие ни давате поддршка и во текот на реализацијата на овој проект наидовме на разбирање и заемно почитување со што во голема мера ни ја олеснивте нашата работа.  Ние тука ќе произведуваме чипс кој засега во Македонија се обезбедува само од увоз, а Македонија е голем производител на компири. Нашата намера е со производствената линија да обезбедиме преработка на пет илјади тони компири. Нашиот чипс во прво време ќе се продава на пазарот во Македонија, а потоа и да го извезувме и на пазарите во Европа но и во Австралија каде што нашинците го очекуваат овој македонски приоизвод со нетрпение, рече меѓудругото Мирчевски во своето обраќање пред присутните гости во битолското село Кравари.

fabrika-cips

Отворањето на новата фабирка во Битола го поздрави и градоначалникот Владимир Талевски кој најави и други инвестиции во градот и индустриската зона „Жабени“.