Вајгл, Ховит и Кукан в понеделник доаѓаат во Скопје

Вајгл, Ховит и Кукан в понеделник доаѓаат во Скопје

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои посредуваа во постигнувањето на договорот од Пржино, во понеделник ќе пристигнат во Македонија.

Тие ќе имаат одвоени средби  со четирите политичките претставници, потписници на договорот.

Се очекува, Вајгл, Ховит и Кукан, да остварат средба и со специјалната обвинителка Катица Јанева, како и со претставниците на Државната изборна комисија.