сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 33

Груевски во посета на Охрид (ФОТО)

Заедно со министерот за здравство ги посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, чија целосна реконструкција и проширување е во тек, како и Општата болница во Охрид која од неодамна доби нова опрема за рано дијагностицирање канцер на дојка.

Груевски во посета на Охрид

Груевски во посета на Охрид

Поврзани вести

Премиерот  Никола Груевски денеска престојуваше во работна посета на Охрид. Заедно со министерот за здравство ги посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, чија целосна реконструкција и проширување е во тек, како и Општата болница во Охрид која од неодамна доби нова опрема за рано дијагностицирање канцер на дојка.

Реконструкцијата на болницата „Свети Еразмо“ е инвестиција на Владата односно Министерството за здравство вредна 215 милиони денари.

-Се работи за темелна реконструкција на објектот, а во еден дел и доградба, односно ставање во употреба на нови пет илјади метри квадратни, градба отпочната некаде во 80-те години на минатиот век, рече премиерот Груевски.

gruevski-ohrid1

Тој појасни дека во новата целосно реконструирана болница ќе биде преместен и Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“.

– Станува збор за сериозен зафат, каде со доградбата ќе се смести и кардиолошкиот завод, што на овој начин ќе добие доволно голем простор за прошарување на дејноста во иднина и воведување нови методи, додека целосно ќе биде реконструиран и постојниот објект каде е сместена болницата „Свети Еразмо“, рече Груевски, најавувајќи дека согласно договорот со изведувачот предвидено е работата целосно да биде завршена за 18 месеци односно да биде ставен во употреба некаде кон средината на 2017 година.

gruevski-ohrid9

Груевски официјално во употреба го предаде и новиот мамограф што ќе работи во рамки на Општата болница во Охрид.

– За набавка на мамографот се издвоени осум милиони денари. Охрид доби најсовремен дигитален мамограф, којшто во голем број од случаите ќе биде превенција за откривање на канцер на дојка, што ќе значи спасување многу животи, оттаму што лекарите уверуваат стопроцентна сигурност за спасување живот доколку постои рано дијагностицирање на болеста, истакна тој.

gruevski-ohrid10

Двајца лекари веќе се обучени за ракување со новата опрема, други двајца се

Најчитани вести