Македонија

Утрово најладно во Скопје-Петровец

Утрово најладно во Скопје-Петровец
Најниски нула степени утрово се измерени во Скопје-Петровец, еден во Тетово, два степени во Скопје-Зaјчев Рид, Крива Паланка, Струмица, четири во Битола, Штип, Куманово, пет во Гевгелија и Крушево, шест степени во Маврово, Охрид, Прилеп, седум Дојран и Виница, осум Претор,  девет Дебар и десет степени во Демир Капија.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи до седум часот наврнат е воден талог 1 л/м2 во Пожаране Дебар, 2 л/м2 во Маврово и 5 л/м2 во Лазарополе.

Времето утрово е  умерено до значително облачно со слаб  до умерен ветер од променлив правец.