Полнети суви пиперки и чоколадно срце

Полнети суви пиперки и чоколадно срце
Полнети суви пиперки и чоколадно срце

За денешното мени ви предложуваме да зготвите готвиме нешто вкусно – полнети суви пиперки и чоколадно срце.

Потребни состојки

10 суви пиперки

3 кромид

400-500 гр шампињони

2 шољи ориз

0,5 л доматен сос

1 шоља вда

Магдонос

Бибер, сол

2 шољи масло за јадење

Подготовка

Сувите пиперки потопете ги во врела вода да отстојат еден час за да набобрат. Испржете кромид па додајте сечкани шампињони. Зачинете и додајте магдонос. Сварете го оризот и додајте го во готовите шампињони со кродмид. Со оваа смеса полнете ги пиперките кои претходно сте ги исцедиле од вода.

Во еден огноотпорен сад наредете ги полнетите пиперки. Прелијте ги со доматен сос и вода. На 200 степени печете ги додека течноста на испари.

11934f097d014d89266a66ce9f681e24_header

Чоколадно срце

Потребни состојки

1 чаша шеќер

1 ½ чаша млака вода

3 лажици џем од кајсија

2 лажици какао

2 чаши брашно

1 прашок за пециво

1 кесичка цимет

Глазура

3 лажици џем од кајсија

100 гр чоколадо за готвење

70 гр маргарин

Подготовка

Сите состојки измешајте со лажица и ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете 20 минути на 200 степени.  Откако ќе се испече колачот додека се уште е топло премачкајте го со џемот, а кога ќе се излади прелијте со глазурата.

За глазурата на пара растопете ја чоколадата со маргаринот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.