Напаѓачот на полицијата во Париз, барал азил во Германија

Напаѓачот на полицијата во Париз, барал азил во Германија
Напаѓачот на полицијата во Париз, барал азил во Германија
Убиениот напаѓач на полицијата во Париз живеел во германски центар за баратели на азил во град во западна Германија, каде вчера полицијата извршила претрес, јавува дописникот на МИА од Париз.

За време на претресот на домот за азиланти кој се наоѓа во Реклингхаузен во Северна Рајна-Вестфалија ” Не се пронајдени докази за можни нови напади”, соопшти германската полиција. Наведувајќи дека тие ја спроведоа акцијата по информациите од француските власти, судската полиција на на Северна Рајна-Вестфалија, понатаму наведува дека “истрагата продолжува”.

Полицијата не соопшти дали човекот, чие утврдување на идентитетот се уште е во тек, но тој е препознат од страна на негови блиски  како Тарек Белгакем од Тунис, бил прописно регистрирани како барател на азил во Германија.

Точно на годината од денот по нападите против весникот Шарли Ебдо, во кој загинаа дванаесет лица, тој маж се втурна трчајќи кон полицајците на должност пред полициската станица во Гут д’Ор во 18-от арондисман на Париз, мавтајќи со месарски сатар,  и опремен со нешто што личи на експлозивна направа. Тој не одговори на наредбите на полицијата да се запре, по што полицајците отворија оган и го убија.

Според информацијата објавена од страна на германскиот неделник „Велт ам зонтаг“, човекот имал насликано симбол на Исламската држава на ѕидот на неговиот дом за баратели на азил во Реклингхаузен.

Онлајн изданието на магазинот Шпигел вели дека тој се позирал во центарот со знаме на исламската држава, што доведе локалните власти да го класираат како потенцијално опасен. Но тој исчезна од Реклингхаузен во декември, пишува Шпигел онлајн. „Велт ам зонтаг“од своја страна пишува дека човекот бил регистриран во Германија под четири различни идентитети и различни државјанства, сириско, мароканско или грузиско. Тој ја поднесол барање за азил под името Валид Салихи, пишува весникот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.