Стивен Сегал добил српско државјанство!

Стивен Сигал добил српско државјанство!
Стивен Сигал добил српско државјанство!

Холивудски актер Стивен Сегал (63) кој неколку пати престојуваше во Србија, неодамна добил српско државјанство.

Указот за државјанство го потпишал српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Сегал неодамна двапати престојувал во Србија каде се сретнал со највисокото раководство на Србија, го посетил прифатилиштето за деца во Белград и свирел со својот бенд за дочекот на Новата година во Белград.

Сегал неодамна изјавил дека Србија трпела ужасна неправда во поновата историја, а дека во САД постојат предрасуди за Србите и погрешни уверувања за случувањата во текот на 1990-тите години.