„Курир“: Како Петар Гошев стана „Перо апашот”

Како Петар Гошев стана „Перо апашот”
Како Петар Гошев стана „Перо апашот”
На социјалните мрежи може да се забележат дузина коментари за тоа дека најсоодветен прекар за екс гувернерот и политичар Петар Гошев е надимакот Перо апашот. На прв поглед малку суров прекар, но како и секој прекар тој најдобро ја отсликува личноста за кој е наменет, пишува „Курир“.

fb-1fb2fb3

Но исто така постојат и аргументи кои го оправдуваат неговиот прекар.

Гошев здипли земјиште од над милион евра, по багателни 5 илјади евра

Петар Гошев во периодот кога ја вршеше функцијата гувернер на НБРМ остана запаметен како еден од најнеуспешните гувернери, бидејќи во негово време се случи рекордната стапка на невработеност и исклучително нискиот економски раст на државата во време кога сите земји бележеа раст. Но, нешто по кое ќе остане запомнат Петар Гошев е тоа што по багателна цена во октомври 2005 година стекна исклучително вреден имот. Постоеја основани сомненија дека Гошев ја искористил својата позиција и ја злоупотребил за да се стекне со имот кој реално вреди над 630.000 евра, а притоа го платил за само 5000 евра.

Имено како што пишуваше весникот Време на 28.11.2007 година,  Петар Гошев, тогашен гувернер на Народна банка на Македонија, купил атрактивно земјиште во Гевгелија, во близина на граничниот премин „Богородица“ од лице на чија фирма претходно „Македонска банка“, по предлог на директорите на банката, порано вработени во НБМ, му отпишала долг за ненаплатен кредит од 250.000 илјади евра.

Станува збор за фирмата „3М“ од Гевгелија, сопственост на Маринчо Карабаков, која била задолжена во „Македонска банка“ за 350 илјади евра. Долгот се зголемувал поради затезни камати од невраќањето на кредит од 200.000 евра, што во 1996 година „3М“ го добил преку програмата на Европската банка за развој. Целата работа ја завршиле тогашните директори на банката Спасе Лазаревски и Никола Кацарски. Лазаревски и пред ова бил вработен во НБРМ, а денес е советник на гувернерот.

Обајцата на Управниот одбор на „Македонска банка“ во август 2004 предложиле долгот од 250.000 евра на „3М‘ да се избрише, а фирмата да врати само 100.000 евра. Долгот во март 2005 година е отпишан, а во октомври истата година Карабаков на Гошев му продал атрактивно земјиште од 9.111 метри квадратни за цена од само 5.000 евра. Земјиштето се наоѓа покрај автопатот во близина на граничниот премин „Богородица“.

Пред јавност кажува дека ја градел куќата со другарите, а изгради хациенда на три ката

Поранешниот гувернер Петар Гошев сместен во удобна хациенда во една од подобрите скопски населби во неколку наврати создава слика на душегрижник за стандардот на граѓаните и економската ситуација, глумејќи дека е добро запознаен со состојбата на граѓаните. Но, дужегрижникот Гошев кој упорно кажува колку е лошо и дека куќата ја градел со другарите, живее во вистинска хациенда од три ката. Или Гошев има навистина другари кои се вистински мајстори на занаетот и градежници, или поверојатно е хациендата да е производ на неговите функции, но и карактерните особини отсликани во неговиот надимак.

 

hacienda-1

hacienda-2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.