Вечерва e доделaта на Златните глобуси

Вечерва e доделaта на Златните глобуси
Вечерва e доделaта на Златните глобуси
73-то доделување Златни глобуси, престижни филмски награди на холивудското Здружение на странски новинари, ќе биде одржано денеска.

Главен конкурент е филмот „Керол“ во која се зборува за стара омажена жена која се заљубува во млада продавачка. Филмот има најмногу, пет номинации, меѓу кои за најдобра драма, главна женска улога, за која може да се надеваат Кејт Бланшет и Руни Мара и за најдобар режисер – Тод Хејнс.

Покрај „Керол“, во игра во категоријата драма се и психолошкиот трилер „Соба“, драмата за педофилијата во Католичката црква – „Spotlight“ и акцискиот трилер „Побеснетиот Макс:Автопатот на бесот“.

Во категоријата комедија/мјузикл фаворит е „Облог на векот“, кој има четири номинации.

Кога станува збор за телевизиски остварувања, најмногу номинации имаат сериите Фарго, Mr. Robot, Оutlander, Transparent, American crime и Wolf Hall. Домаќин ќе биде британскиот комичар Рики Жерве.