„Канал 5“: Тетовска фирма со уредна документација не прима субвенцијата за вработување

„Канал 5“: Тетовска фирма со уредна документација не прима субвенцијата за вработување
„Канал 5“: Тетовска фирма со уредна документација не прима субвенцијата за вработување

Два месеци доцни исплатата на субвенциите за вработување на лице примател на социјална помош, вели сопственичката на сметководственото биро ЛБ Конс Дооел од Тетово Ленка Богоеска, објави „Канал 5“.

Нејзината фирма и невработеното лице целосно ги исполнувале условите од конкурсот распишан од Агенцијата за вработување и во ноември договорот за вработување бил потпишан согласно сите позитивни законски прописи. И покрај тоа што од Центарот за вработување Тетово ја испратиле целата документација до министерството за труд и социјална политика оттаму засега Богоеска не добила никакви средства за вработувањето на лицето примател на социјална помош за кој таа веќе му исплатила две плати и сите други придонеси.

И покрај тоа што од Центарот за вработување Тетово ја испратиле целата документација до министерството за труд и социјална политика оттаму засега Богоеска не добила никакви средства за вработувањето на лицето примател на социјална помош за кој таа веќе му исплатила две плати и сите други придонеси.

Богоеска очекува дека административната процедура во министерството за труд и социјална политика ќе заврши што поскоро и сите бирократски бариери ќе бидат надминати за фирмата да ги добие парите што ќе овозможат таа и нејзините вработени непречено да ја продолжи својата работа.

Ова е уште еден пример, кој укажува на тоа дека техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, ги кочи проектите и несовесно ја извршува својата должност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.