Лажни сензационалистички вести дека Иванов го помилувал убиецот на Мартин Нешковски

Лажни сензационалистички вести дека Иванов го помилувал убиецот на Мартин Нешковски
Лажни сензационалистички вести дека Иванов го помилувал убиецот на Мартин Нешковски
Портали блиски до опозицијата денес продолжија со лагите околу аболицираните лица од страна на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов,  пишува „Курир“.

„Игранката“ ја започна ТВ Телма која повикувајќи се на извори како „Фејсбук статус на затвореници од Идризово“ без да ја провери информацијата, соопшти дека Иванов помилувал силувачи и педофили, што беше најостро демантирано од страна на кабинетот на шефот на државата.

telma-pomiluvanje

Ваквиот однос на една национална телевизија како „Телма“ е зачудувачки и делува крајно тенденциозно и несериозно, велат познавачите.

Доколку не е измислена информацијата од страна на политички кругови и доколку навистина постоеле такви статуси на фејсбук од страна на осуденици, телевизија која претендира да биде сериозна како што е „ТВ Телма“ не смее да постапи непрофесионално и да лиферува ваква информација во медиумите без да ја провери кај надлежните институции.

Примерот кој го постави „Телма“ пред еден ден денес го следеа уште грст портали блиски до СДСМ. Тие денес во етер пуштија уште една лага повикувајќи се на „извори од Фејсбук“ – дека претседателот Иванов го помилувал осудениот за убиството на Мартин Нешковски.

neskovski 1

neskovski 2

neskovski 4

neskovski 3

Дополнително од кабинетот на Иванов испратено до медиумите е и соопштението во кое најостро се демантираат ваквите информации.

-Ваквите тврдења ги оценуваме како паушални, непроверени и правно неиздржани. Претседателот на Република Македонија во извршување на оваа негова уставна ингеренција се води единствено според законите, односно одлуките за помилувањето ги носи исклучиво и согласно постапката и одредбите од Законот за помилување. Ги упатуваме медиумите добро да го прочитаат