Вкупно 70.777 повици на Ало докторе

Вкупно 1.386 повици се евидентирани во текот на изминатата недела на телефонската линија за медицински совет Ало докторе!

Од 15. септември 2014. се регистрирани вкупно 70.777 повици.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет се достапни 25 лекари. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто   за  респираторни симптоми, покачен крвен притисок,  покачена телесна температура , вирози  и кашлици  од променливото време.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  АЛО ДОКТОРЕ им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија .