понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 33

АНАЛИЗА: Како да се спаси Либија од „Исламска држава“?

Едно од основните прашања е каква ќе биде реакцијата на локалните вооружени групи. Во 2011 година во еуфоријата од борбите против Моамер Гадафи, Либијците го прифатија со радост западното сојузништво. Во 2016 година, пак, распоредот на силите е променет, со кревање на националистичкото чувство меѓу вооружените групи и со големото влијание на исламистите.

Islamska Drzava Libya

Последни вести

Западните земји се убедени дека во Либија треба да се дејствува брзо и одлучно против ратсечката закана од „Исламска држава“, но сеуште се во недоумица што всушност треба да сторат – да дадат воена поддршка на либиската власт на национално единство, која треба да се формира во Триполи, да почнат со воздушни напади или пак, да спроведат копнена операција, анализира „Франс Прес“, пренесува Нетпрес.

– „Исламска држава“ се’ повеќе ги засега земјите од НАТО, така да многу возможно е тие да организираат воена интервенција во Либија. Но, вистинското прашање е каква да биде интервенцијата, односно од каков карактер и каков обем. Тоа многу ќе зависи од степенот на развој на заканата во текот на следниот месец, смета Малколм Чалмерс, заменик-директор на групата RUSI во Лондон.

„Исламска држава“, која според официјален Париз брои околу 3.000 борци во Либија, веќе започна голема офанзива, од својот бастион – градот Сирт, кон „нафтената полумесечина“, во северниот дел на земјата. Западните држави стравуваат дека џихадистите ќе добијат значителни финансии од нафтата, а потоа ќе ја дестабилизираат Африка на југ. По ова, со брановите бегалци од „црниот континент“, кои ќе се упатат кон Европа преку Средоземното море, ќе има и голем број џихадисти.

– Операцијата на Западот веројатно ќе опфати форма на воздушни напади, а не на копнена операција. Но, и во двата случаи, тоа всушност е лоша идеја. На воен план, тоа сепак нема да биде одлучувачко. Без политичка интервенција, военото вмешување би ја осудило земјата на една долгорочна нестабилност, со власт која би изгледала само како марионета на Западот, смета Патрик Хамзајдех, бивш француски дипломат во Либија.

Едно од основните прашања е каква ќе биде реакцијата на локалните вооружени групи.

Islamska Drzava Libija

Во 2011 година во еуфоријата од борбите против Моамер Гадафи, Либијците го прифатија со радост западното сојузништво. Во 2016 година, пак, распоредот на силите е променет, со кревање на националистичкото чувство меѓу вооружените групи и со големото влијание на исламистите.

Бившата колонијална сила со…

Најчитани вести