Ал Каеда и се закани на Саудиска Арабија

Огранок на Ал Каеда и се закани со одмазда на Саудиска Арабија поради погубувањето на 47 џихадисти на 2 јануари, меѓу кои и шиитскиот свештеник Нимр ал Нимр.

Во заедничкото соопштение објавено денеска на една џихадистичка интернет страница, Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (AКПА) и Ал Каеда во Исламски Магреб (AКМИ) се обвинуваат саудиските лидери дека „направиле глупав чин“ погубувајќи ги лицата и „покрај предупредувањата на муџахедините“ во светот.

Лидерот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров погубените џихадисти во Саудиска Арабија ги нарече маченици,

Саудиските власти на 2 јануари егзекутираа 47 лица под обвинени за тероризам, од кои повеќе од 40 биле поврзани со сунитската екстремистичка организација Ал Каеда. Тие се погубени поради нападите во 2000 година во Саудиска Арабија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.