„Повратник“ и „Марсовец“, добитници на Златен глобус

На синоќешното 73-то по ред доделување на Златен глобус во Лос Анџелес филмовите „Повратник“ и „Марсовец“ добија награди за најдобра драма, односно комедија.

Наградата за најдобри актери во драма ги освоија Бри Ларсон за улогата во филмот „Соба“ и Леонардо Ди Каприо за ролјата во „Повратник“.

За најдобар актер во комедии е прогласен Мет Дејмон за улогата во „Марсовец“’, додека Златниот глобус за најдобра женска главна улога во комедии ја освои Џенифер Лоренс за филмот „Џој“.

Наградата за најдобра споредна улога ја добија Силвестер Сталоне за филмот „Creed“ и Кејт Винслет за „Стив Џобс“.

Наградата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје ја освои унгарскиот „Синот на Саул“.

Златниот глобус за најдобра режија замина во рацете на Алехандро Инари за „Повратник“, додека наградата за најдобро сценарио ја доби Арон Сокрин за филмот „Стив Џобс“.

Во категоријата телевизиски серии за најдобри се прогласени „Господин Робот“ и „Моцарт во Џунглата“.

Наградата „Сесил Б. Демил“ за животно дело ја доби Дензел Вашингтон.