сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

НБА: Леброн ја “растури” Филаделфија

Леброн Џејмс се наоѓаше во криза претходните две недели, но дојде на ред најслабиот тим во лигата и тој одигра како препороден.

cleveland

Поврзани вести

На еден од најквалитетните кошаркари во светот малку му недостасуваше да дојде до трипл-дабл против Филаделфија 76 бидејќи заврши со 37 поени, 7 скока и 9 асистенции, а неговиот Кливленд славеше со 95:85. Иако никој не очекуваше друг исход, Кавалирс стигнаа до седмата победа по ред и 13-та во последните 15 натпревари.

Освен Џејмс, одличен меч одигра и Кевин Лав кој постигна по 15 поени и скокови и 7 асистенции.

Кај Филаделфија, прво има беше дебитантот Џалил Окафор кој го заврши мечот со 21 поени.

По овој натпревар, Сиксерс останаа далеку на дното во НБА лигата со само четири победи на 40 натпревари.

НБА Резултати:

Портланд – Оклахома 115:110
ЛА Лејкерс – Јута 74:86
Денвер – Шарлот 95:92
Хјустон – Индијана 107:103
Њујорк – Милвоки 100:88
Мемфис – Бостон 101:98
Филаделфија – Кливленд 85:95
Минесота – Далас 87:93
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 114:111

Најчитани вести