четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Мажи кои не смеете да ги пропуштите

seks4-670x447

Последни вести

Младоста е создадена за различни експериментирања и девојките тоа би требало да го имаат во своја корист. Постојат толку различни партнери на овој свет, па зошто не би се впуштиле во различни игри пред да се врзете само за еден. Годините ви дозволуваат, а на вас останува од се, да го извлечете она најдоброто. Иако многу жени многу млади се олучуваат со некој да го поминат остатокот од животот, што е во ред. Но, никогаш не се знае кога ќе наиде совршениот партнер. Доколку сте некоја која тешко може да се смири и сакате да експериментирате, би требало да знаете кои типови на мажи не смеете да ги пропуштите во својот живот.

Излезете со некој кој на прв поглед не ви се допаѓа

Не треба да одите на состонок со тип кој ви оди на нерви, но треба да излезете со некој за кого никогаш не би рекле дека ви се допаѓа. Спротивностите се привлекуваат, а младоста е идеална да проверите дали тоа е вистина или измислица.

Дајте му шанса на упорен тип

Зошто типот кој постојано ве кани да се видите, постојано го одбивате. Може да ви биде здодевно, но и да ви се случи нешто неочекувано. Искористете го моментот и излезете со него, ако ништо друго изгледајте добар филм.

Излезете со „лошо момче“

Можеби се чини како лош совет, но секоја девојка барем еднаш во животот и треба тоа лошо момче. Сигурно добро ќе се забавувате, а ако ве повреди, барем ќе научите да ги цените добрите момчиња. Секое искуство вреди злато.

Пробајте забрането овошје

Не ви зборуваме за оженет маж или некој кој има девојка. Станува збор за некој на кого не треба премногу да му се доближувате. Тоа може да биде асистент на факултет, колега од работа или најдобар пријател на вашиот поранешен. Малку забава нема да штети.

Најчитани вести