Грчева до Куновска: Горда послушничке, за разлика од вас јас имам личен став! (ВИДЕО)

Грчева до Куновска: Горда послушничке, за разлика од вас јас имам личен став
„Една работа сакам да ве прашам токму Вас. Од кога тоа баш Вие почнавте како доблест да го сметате личниот став на луѓето? Имавте ли Вие некогаш издвоен личен став овде? Не! Сте гласале ли некогаш различно од Вашата партија? Не! Велите некогаш добар ден во ходник? Мене никогаш!  Вие баравте санитарен кордон овде за да не седите до мене. До нас кои ја држевме опозицијата на раменици година и нешто додека Вие седевте со платите дома и декориравте пресови. Тоа ли е Вашиот демократски капацитет?“, со овие зборови пратеничката Солза Грчеваја ја започна својата реплика кон пратеничката од СДСМ Софија Куновска.

„Ги прифаќам овие работи кога се оригинални, кога доаѓаат од народот или од маката на народот, но не ги прифаќам заради правење шоу. Сите ние располагаме со огромен арсенал на безобразлуци. Јас можам да седнам овде и 10 минути да редам навреди. Но моето домашно воспитување тоа не ми го дозволува“, се обрати Грчева до Куновска.

Имено, ова не е прв пат пратеничката од СДСМ, Софија Куновска, да користи безобразен и дрзок речник кон сите оние кои што не мислат како неа и СДСМ. Таа во многу наврати досега најотворено упатуваше секаков вид на лични навреди кон пратениците, експертите, функционерите, професорите, па дури и кон Македонија и македонскиот народ во целост.

„Немате вие морално право овој говор да го држите. Има право секој друг да го каже, секој кој што се изгорел од сето ова што ни се случува, но Вие најмалку од сите имате право ова да го кажете. Ја видов само понижување и навреди кон мене лично заради тоа што имам личен став, а според Вас не смеам да го имам, нели?“, посочи Солза Грчева.

На крајот, пратеничката Солза Грчева и посочи на Куновска од СДСМ дека таа секогаш имала и секогаш ќе има свој став, за разлика од неа, која што постојано добива инструкции од централата на СДСМ за тоа што да каже или да напише.

„Тој треба да ми биде кажан од централата, како што вам Ви се кажува? Најверојатно отсега јас ќе треба да Ви се обраќам со зборовите “горда послушничке“ бидејќи ништо друго не демонстриравте, ништо повеќе од тоа“, заврши Солза Грчева.