понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

Премиерот во Вашингтон оствари средба со Сешн и Берсин

Претседателот на конгресниот комитет Сешн, ја поздрави економската политика на нашата земја. Алан Берсин е помошник секретар за национална безбедност САД и потпретседател на Интерпол.

Премиерот во Вашингтон оствари средба со Сешн и Берсин

Премиерот во Вашингтон оствари средба со Сешн и Берсин

Поврзани вести

Во рамките на еднодневната посета на Соединетите Американски Држави, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска  оствари средби со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност.

Претседателот на Владата, Груевски, во Конгресот на САД, оствари средба со Пити Сешн, кој е претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, еден од највлијателните конгресни комитети, кој ги уредува сите прашања во врска со процедурите, потребите, правилата и останатите аспекти за усвојување на американските закони. Сешн е еден од највлијателните американски конгресмени од редот на Републиканската партија.

gruevski-pit-sredba

Груевски и Сешн ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и САД, истакнувајќи заложба за личен ангажман во нивното понатамошно продлабочување и унапредување.

Тие разговараа за унапредување на економската соработка, соработката на полето на инвестициите и трговската размена, при што разменија мислења за можностите за конкретна соработка.

На средбата се разговараше и за потребата и заложбите за интеграцијата на нашата земја во НАТО во функција на регионалната стабилност и безбедност.

Стана збор и за предизвиците во врска со мигрантската криза и начините за нејзино менаџирање, како и користење на искуствата на САД во оваа област.

gruevski-pitr-sredba22

Премиерот Груевски истакна благодарност за поддршката која САД и ја овозможува на Република Македонија и ја истакна стратешката ориентација на нашата земја за партнерски односи со САД. Претседателот на конгресниот комитет Сешн, ја поздрави економската политика на нашата земја, и истакна дека ќе продолжи со своите заложби за продолжување на поддршката на американскиот Конгрес и конгресните комитети на нашата земја во областите во кои е потребно.

Соговорницте истакнаа дека Република Македонија и САД ќе продолжат со блиската соработка на политички, економски и безбедносни теми во сите области од взаемен интерес.

Gruevski-Alen-Bersin-1

Премиерот Груевски оствари средба и со Алан Берсин, помошник секретар за национална безбедност САД, кој е и потпретседател на Интерпол.

Соговорниците разговараа за можностите за унапредување на соработката на Република Македонија и САД во областа на безбедноста и превенцијата од безбедносни ризици.

Gruevski-Alen-Bersin2

Претседателот на Владата Груевски во текот на денот ќе оствари средба и со потпретседателот на САД, Џо Бајден.

Најчитани вести