Објавен оглас за грантови за самовработување

Објавен оглас за грантови за самовработување
Објавен оглас за грантови за самовработување
Од денеска до 29 јануари невработените со идеја за сопствен бизнис може да аплицираат на огласот на агенцијата за вработување за неповратна поддршка од 3.200 евра во вид на опрема, материјали и експертска помош.

На овој оглас се очекува да се одобрат половина од 920 предвидените грантови, а останатите на втор повик на средина од годината.

Агенцијата по распишувањето на огласот ќе ги води сите лица кои што ќе изразат интерес за користење на овие средства во рамките на целиот процес, ќе добиваат совети од нејзе се со цел да се финансираат со средствата од државата оние бизниси кои што ќе покажат најголема продуктивност и квалитет, се со цел покрај тоа што ќе се самовработат лицата кои ќе ги отворат овие бизниси, да се вработат и дополнителен број на лица со развојот на сите овие компании кои ќе ги подржиме финансиски, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, пренесува ТВ Сител.

Со цел мерката да биде поуспешна на двата огласи ќе бидат избрани вкупно 1.500 најдобри кандидати кои прво ќе добијат обука, а потоа ќе може да аплицираат за средства. За бизнисите со најголем потенцијал има можност да се додели грант за дополнително вработување, а вкупната поддршка може да достигне до 5.600 евра.

Програмата за самовработување владата ја спроведува во парнтерство со УНДП десетина години и преку неа досега се отворени над 7.600 фирми.

Очекувањата се годинава со неа да се креираат околу 1.000 нови работни места во економијата.