„Погледни горе, јас сум во рајот“: Боуви се збогува со светот (ВИДЕО)

Погледни ме, јас сум во рајот: Боуви симболично се збогува со светот
Погледни ме, јас сум во рајот: Боуви се збогува со светот

По долга и тешка борба со карцином, во 69-тата година од животот, почина еден од најголемите британски музичари Дејвид Боуви. Боуви пред само неколку дена го објави својот нов албум, „Blаkstar“.

Критичарите во Англија албумот „Blackstar“ веднаш го оценија како силен материјал со богат звук,  по слушањето на албумот јасно е дека е најстар футурист.

Многумина беа изненадени дека „Blackstar“,  е прв албум на Боуви без негова фотографија на обвивката. Кој би можел да предивиди, освен оние кои знаеле за неговата тешка болест, дека црната ѕвезда, која ни е дури понудена и како насловна фотографија, симболизира иднина без него.

Последна слика: Боуви на премиерата на мјузиклот „Лазар“ базиран на негови песни, во Њујорк минатиот месец
Последна слика: Боуви на премиерата на мјузиклот „Лазар“ базиран на негови песни, во Њујорк минатиот месец

 

Боуви објави видео во кое вели „погледни горе, јас сум во рајот“  (look up here, I’m in heaven) само три дена пред да ја изгуби 18-месечната битка со ракот.

Неговото последно видео, „Lazarus“, беше објавено во четвртокот и опремено со застрашувачки снимки од пејачот како лежи на болнички кревет со очите покриени со завој.


Неговиот долгогодишен продуцент Тони Висконти рекол дека Боуви знаел уште пред една година дека неговиот рак е неизлечлив, и додал дека неговиот последен албум бил „подарок за разделба“ во светот.