Груевски: САД остануваат стратешки партнер на Македонија

САД остануваат стратешки партнер на Македонија, истакна премиерот Груевски по средбата со американскиот потпретседател Џозев Бајден која заврши доцна синоќа.
На средбата станало збор за реформите во Македонија, добрите односи меѓу двете земји како и позитивните работи и предизвиците кои се случиле во периодот помеѓу двете средби односно од 2011 до сега.

Груевски и Бајден говореле и за безбедбосната состојба во регионот, а на средбата станало збор и за влезот на Mакедонија во НАТО.

Во рамки на еднодневната посета на САД премиерот Груевски  оствари средби и со Пити Сешн, претседател на законодавниот комитет на конгресот и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност и потпретседател на Интерпол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.