НБА: Сан Антонио го “прегази” Бруклин, Голден Стејт стигна до 32-та победа

Сан Антонио запиша убедлива победа во еден од трите синоќешни дуели во НБА лигата победувајќи го Бруклин со 106:79, кој продолжи да ниже порази па се втор најлош тим на Истокот.

ЛаМаркус Олдриџ беше незапирлив постигнувајќи 25 поени, дополнети и со 11 скока, а на спротивната страна Брук Лопез постигна 18 поени.

Вашингтон славеше со 114:100 во Чикаго против Булси, предводен од Вол со 17 поени и 10 асистенции, а кај домашните Роус и Батлер беа најдобри со 23, односно 19 поени.

И во третиот натпревар кој беше игран синоќа, Голден Стејт со 111:103 го победија Мајами.

Стеф Кари ги водеше Вориорси до нова победа со 31 поен, додека Грин уфрли 22 поени, со 12 скока и шест асистенции. Во составот на Мајами, Двејн Вејд постигна 20 поени со 11 асистенции.

Голден Стејт сега има ефект од 36 победи и само два порази.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.