недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Шест сообраќајки во Скопје за еден ден

soobrakajka-policija

Поврзани вести

Шест сообраќајни несреќи се случиле на подрачјето на Град Скопје во текот на вчерашниот ден, но ниту една незгода не е со потешки последици.

Од вкупниот број сообраќајки, три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле три лица, од кои еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

Во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, шест возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и 10 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница. Санкционирани се и 13 пешаци кои поминале на црвено светло на семафор, односно поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска со почеток во 11 часот Националното здружение на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ продолжува со мирниот протест пред Владата на Република Македонија. Место на собирање на учесниците ќе биде на паркинг просторот кај СЦ „Борис Трајковски“. Оттука ќе започнат да се движат по бул. „Илинден“ па се до зградата на Владата. И вториот вонреден настан ќе се одржи пред зградата на Владата на бул. „Илинден“ и ќе започне во 11 часот и 45 минути во кој поранешните вработени на „Алумина“ ќе одржат мирен протест. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање и пренасочување на сообраќајот.

Најчитани вести