Магазин

Рупер Мардок ќе се жени со поранешната сопруга на Мик Џегер

Рупер Мардок ќе се жени со поранешната сопруга на Мик Џегер
Рупер Мардок ќе се жени со поранешната сопруга на Мик Џегер

Британскиот медиумски магнат Руперт Мардок, во својата 84-та година планира да се ожени со поранешната сопруга на Миг Џегер, 59-годишната Џери Хол.

Како што објави британскиот весник „Тајмс“, Мардок и поранешната манекенка, кои се во врска веќе четири месеци, се појавија заедно во неделата вечерта на доделувањето на филмските и телевиски награди „Златен глобус“ во Лос Анџелес.

murdoch-hall

„Тајмс“ наведува дека веста за веридбата и претстојната свадба на Руперт и Џери придизвикала задоволство и радост меѓу нивните деца од претходните бракови.

За потсетување, Рупет од претходните три брака има шест деца – Пруденс, Елизабет, Лахлан, Џејмс, Грејс и Клои, додека Џери од бракот со Џегер има четири – Елизабет, Џејмс, Џорџ и Габриел.

Мардок во 2013 година, по 14 години брак, се разведе од неговата трета сопруга Венди Денг. Џери пак беше во брак со познатиот пејач Мик Џегер од 1977 до 1999 година.

руперт