четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Од лименки пиво направил панел што му го загрева домот

Системот за греење со помош на конзеви функционира така што ладниот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран систем го загреваат сончевите зраци во лименките.

Од лименки пиво направил панел што му го загрева домот

Од лименки пиво направил панел што му го загрева домот

Последни вести

Дарко Миличевиќ (39) од Србија, од лименки пиво направил соларен панел кој ја загрева температурата на воздухот од минус пет на плус 52. Панелот е мал бидејќи се работи за експеримент, па нема доволно сила да ја загрее собата, но Миличевиќ тврди дека функционира.
Минатата зима барав на интернет алтернативни начини за загревање. Најдов многу различни идеи, а оваа ми привлече внимание бидејќи е едноставна. Купив иверка, стиропор за изолација, боја, силикон. Пред зимата, плочата ја монтирав на јужната страна од куќата, бидејќи тука сончевите зраци се најсилни, вели Миличевиќ.

пиво1

Системот за греење со помош на конзеви функционира така што ладниот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран систем го загреваат сончевите зраци во лименките. Воздухот природно се движи најмногу и влегува во куќата низ отворот во ѕидот, објаснува професорот по математика и информатика, кој направил соларен панел од лименки пиво.

Направив рамка од иверка со димензии метро на метро. Ја изолирав со стиропор од три сантиметри. Сето тоа го заштитив со црна фолија и направив лежиште за лименките кои ги избоив во црно. На тој начин подобро ја впиваат сончевата топлина. Панелот има 11 лименки во четири реда . Не е скапо, бидејќи од материјалите најскапо е плексигласот за заштита кој се става на предната страна за топлиот воздух да не се губи од системот, пишува „Телеграф.рс“.

На 31 декември, кога надвор температурата била пет степени , во мојата дневна соба влегуваше топол воздух со температура од  51,8 степени. Маана е тоа што греењето работи само кога денот е сончев, објаснува професорот.

пиво2

Најчитани вести