МВР издало 1.964 потврди за азил на мигранти за 24 часа

Вкупно 1.964 потврди се издадени на мигранти во текот на изминатиот ден, од кои 847 се мажи, 436 се жени, 676 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и пет деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-983,  Авганистан–679 и Ирак-299.

Од почетокот на годинава се издадени потврди на вкупно 20.677 странски државјани, од кои 8.686 се од машки пол, 4.394 се од женски, 7.517 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 80 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-8.887, Авганистан-7.669 и Ирак-4.117.

Од почетокот на 2016. година до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил.