Спорт

Претседателот Иванов ги посети ракометарите на утринскиот тренинг

Претседателот Иванов ги посети ракометарите на утринскиот тренинг

Македонските ракометари на утринскиот тренинг беа посетени од страна на Претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Тој ја искористи посетата за да им посака на репрезентативците многу среќа при настапот на ЕП во Полска, а воедно на нашите ракометари им подари и македонско знаме.

За возврат, ракометарите заедно со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, му подарија дрес од националниот тим со бројот 1.

Нашата сениорска репрезентација попладнево ќе го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Краков кое е предвидено за утре точно на пладне.