четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Зголемен бројот на домашни и странски туристи во земјава

turisti

Поврзани вести

Во периодот јануари-ноември 2015. година во Македонија се евидентирани 775.734 туристи или 10,3 отсто повеќе во однос на истиот период од 2014 година, кога се регистрирани вкупно 703.237.

Според Државниот завод за статистика, бројот на странски турсти е зголемен за 13,9 отсто и изнесувал 461.802, а на домашните 313.390 или за 5,4 прценти повеќе од претходната година.

Во истиот споредбен период, зголемен е и бројот на ноќевањата, за 8,7 отсто, односно кај домашните туристи за 6,2, а кај странските за 12,3 проценти.

Во ноември 2015 година Македонија евидентира 41.793 туристи или 14,6 отсто повеќе од истиот месец 2014-та, додека бројот на ноќевањата бил 94.736 што е зголемување од 16,5 проценти.

Бројот на домашните туристи е зголемен за 18,3 отсто, а на странските за 12,2 процента. Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е зголемен за 26,2 отсто, а на ноќевањата на странските за 8,8 проценти.

Најчитани вести