четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Пратениците расправаат за Анкетната комисија за фалсификуваните лични карти

Претседател на Анкетната комисија е координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, потпретседател Љупчо Димовски, членови од оваа партија се Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Андон Чибишев, Благица Ласковска и Драган Данев, од ДУИ Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА Газменд Алиу и независната пратеничка Солза Грчева.

Уште една недела до распуштање на Парламентот

Уште една недела до распуштање на Парламентот

Поврзани вести

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја почна расправа за составот на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, врз основа на Одлуката за основање ваква комисија донесена пред Нова Година. Пратеничката група предводена од СДСМ не предложи членови и, како што најави, нема да учествува во нејзината работа, објави МИА.

– Кога пратеничката група на СДСМ ќе достави предлози за членови на Анкетната комисија веднаш ќе свикам седница и тие ќе бидат вградени во составот на Анкетната комисија, рече на седницата претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Зоран Илиоски.

Претседател на Анкетната комисија е координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, потпретседател Љупчо Димовски, членови од оваа партија се Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Андон Чибишев, Благица Ласковска и Драган Данев, од ДУИ Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА Газменд Алиу и независната пратеничка Солза Грчева.

Врз основа на Одлуката, Анкетната комисија треба да содржи 16 членови, од кои четворица на предлог на опозицијата.

Пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ рече дека ова е контра Анкетна комисија на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

– Со оваа Анкетна комисија, ВМРО-ДПМНЕ сака да се испере од она што го правеше во изминатите години, рече Ковачевски.

Илиоски, реплицирајќи му, праша дали не е факт дека е откриена фабрика за печатени фалсификувани документи. – Зошто бегате од тоа? Другата Анкетна комисија е задолжена за скандалот со прислушувањето, рече Илиоски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески повикувајќи се на членот 123 од Деловникот за работа на Собранието рече дека работни тела не можат да прават истражни и судски постапки. Таквите комисии, според него, треба да утврдат политичка одговорност.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски укажа дека на седницата се расправа за персоналниот состав на Комисијата, а не по одлуката донесена пред Нова Година.

Според Горан Мисовски од НСДП, ВМРО-ДПМНЕ се надминала себеси формирајќи ја оваа контра Анкетна комисија. Мисовски зборуваше за прислушуваните телефонски разговори, посочувајќи на наводини разговори на високи претставници на Владата.

– Анкетната комисија за скандалот со прислушување не може да функцикнира на начин на кој ВМРО-ДПНМНЕ сака и затоа на вториот обид за сослушување ние јавно му ги поставивме прашањата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, рече Мисовски, одговарајќи на репликите на пратениците од владејачкото мнозинство за нефункционирањето на Комисијата.

Тој предложи записникот од сведочењето на премиерот уште утре да им биде достапен на медиумите, да се закаже седница од која граѓаните ќе можат да го слушнат неговото сведочење.

Реплицираа Крсте Мукоски, Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ со речиси идентичен став – дека опозицијата се плаши од формирањето на анкетната комисија која би открила кој стои зад фалсификуваните лични карти и украдените идентитети.

– Што ви смета да се формира анкетна комисија, од што и зошто бегате? Што сакате да постигнете? Факт е дека со ова сте фатени на дело. Ви порачувам, како што ги читате бомбите, рејтингот ви паѓа. И релевантни инстутиции покажаа дека го допревте дното. Прекинете да ги читате тие фалсификувани работи, истакна Мукоски.

Како што додаде Затуроска, преку анкетната ќе се обелоденат виситините – кој е налогодавачот за одземање идентитет на над 100.000 граѓани и зошто се најдени фалсификувани пасоши само на функционери од ВМО-ДПМНЕ, а не и на функционери од СДСМ.

Повеќе од потребно е формирањето ваква анкетна комисија и нејзината работа не треба да се меша со актуелната Анкетна комисија, подвлече Кузмановска и ја обвини СДСМ за подло водење политика со извртување на вистината и ставање во заложништво на државата.

Се надоврза Владанка Авировиќ, исто така со обвинување на СДСМ за, како што рече, произволно политичко дилетантство.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Павле Саздов рече дека првпат во историјата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето не му било овозможено на повикан сведок да сведочи зашто претседателот на Комисијата ја прекинал седницата бидејќи не било така како што тој сака.

– Никога Груевски беше повикан, дојде и сведочеше, Зоран Ставрески дојде ама не му беше овозможено да сведочи, рече Саздов, додавајќи дека претседателот на Анкетната Петре Шилегов не закажува седници.

Расправата за Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, треба да продолжи по редовната едночасовна пауза.

Најчитани вести