Во Струмица доделени шест, во Гевгелија три станови за деца без родители

Во Струмица доделени шест, во Гевгелија три станови за деца без родители
Во Струмица доделени шест, во Гевгелија три станови за деца без родители
Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, подружница Струмица досега има доделено девет станови за деца без родители. Како што соопшти првиот човек на подружницата во Струмица, Александар Маџаров, на располагање за оваа категорија граѓани имале 12 станови и тоа 7 во Струмица, 4 во Гевгелија и еден во Радовиш, пренесува МИА.

Останаа уште три недоделени станови, по еден во Струмица, Гевгелија и Радовиш. Дополнителна финансиска олеснителна околност за лицата е што становите ги добиваат опремени со мебел и со бела техника. Од мебел добиваат спална, гарнитура, маса, клуб маса, елементи за кујна, столици, а од бела техника фрижидер, шпорет. Што значи становите по добивањето се веднаш вселиви, вели Александар Маџаров- раководител на АДСДП, Струмица.

Маџаров нагласи дека Комисијата за станбени прашања активно ги разгледува барањата веднаш по нивното пристигнување.

 Наемнината се движи од 1.200 до 2.200 денари месечно. Се определува според методологија во која се земаат предвид големината и страната на која се наоѓа станот, но и староста на зградата, објаснува Маџаров.

Договорите за наем се склучуваат на неопределено време и траат се додека лицата не го решат станбеното прашање, а потоа овие станови повторно се прераспределуваат.