вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

2.000 трактори и уште 8.000 други земјоделски машини набавени со владина поддршка

zgolemen-interesot-kaj-zemjodelcite-za-sretstvata-od-ipard-fondovite

Последни вести

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека со досегашната владина поддршка преку проектот „50:50“, во Македонија се набавени 10.000 парчиња земјоделска механизација од кои 2.000 трактори и 8.000 други видови машини.

Во земјоделските задруги, како што изјави Груевски по потпишувањето на Договорот за рестартирање на „Порцеланка“ во Велес, тој принцип беше „90:10“ зашто Владата сакаше да даде голема поддршка за формирањето на земјоделските задруги. Таму, 90 отсто инвестираше државата, а 10 проценти земјоделците.

Според него, се работи за голема инвестиција од околу 15 милиони евра.

– Видовме дека тоа многу им помогна на земјоделците и дека тие се задоволни, а другите што го немаат направено тоа, видоа дека е остварливо и дека тоа што се ветуваше се реализира. Охрабрени, и многу од нив се подготуваат да го направат истото, подвлече Груевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Оваа година, најави, ќе продолжи мерката „50:50“, како и онаа за задругите „90:10“ и на поголем број други земјоделци ќе им се овозможи по исклучителни поволни услови, каде државата практично субвенционира најмалку половина од набавката, да купат нови опреми од земјоделската механизација.

Најчитани вести