Свет

Исламската држава стои зад насилствата над жените во Германија?

Исламската држава стои зад насилствата над жените во Германија?

Постојат индикатори кои укажуваат на тоа дека зад нападите кои за време на новогодишната ноќ се случија во повеќе градови низ Германија, стои Исламска држава.

Доколку претпоставките за тоа дека членови на Исламска држава биле меѓу оние кои ги предизвикале „синхронизираните“ сексуални напади врз жени во Германија, тоа би било поразувачки за Европската Унија, сметаат европски дипломати и аналитичари.

Имено, тоа би значело дека меѓу бегалците од “арапско и северноафриканско потекло” кои дивјачки ограбувале и сексуално злоставувале жени и девојки во Келн и уште неколку градови, имало припадници или помагачи на терористите на Исламската држава, кои биле дел од бранот мигранти пристигнати во Европа минатата година.

Германскиот министер за правда, Хајко Мас, рекол дека има сознанија дека нападите “биле планирани и усогласени”, а некои медиуми пренеле дека зад истите стои Исламска држава.

Аналитичарите на повеќе весници и интернет портали во ЕУ заклучуваат дека бегалците, напаѓачите на жените во Германија и другите земји, имале инструкции од терористите на Исламска држава, поради масовното собирање и групните напади над жените. Некои од нив имале упатства напишани на хартија.

Аналитичарите во тоа ги препознале методите на Исламска држава за дестабилизација, поделба на општеството во слободните, демократски и стабилни држави во Европа и на Блискиот исток. Таков вид на терор, Исламска држава спроведува и на териториите на кои владее, за да може со насилство и страв да го потчини населението, а сексуално насилство применува против неисламските етнички заедници.