Заев со несериозен настап: Груевски многу го имало на телевизија

Лидерот на опозицисата СДСМ, Зоран Заев денеска беше гостин во вестите на Канал 5.

Заев, говорејќи за медиумите само уште еднаш докажа дека тој не се залага за слобода на медиуми, туку бара лично да се вмеша во уредувачката политика на медиумите.

Во интервјуто тој изјави дека му било криво што премиерот Груевски многу го имало на телевизија.

Тој на уредничката на Канал 5 и посочи дека точно изброил колку пати на телевизијата бил пуштен предновогодишниот говор на Груевски и се пожали дека малку го дале него иако телевизијата го објавила и обраќањето на Зоран Заев.

-Од 31-ви до 3-ти го давате Никола Груевски 10 пати.  10 пати за три дена да се даде премиерот? Каде што ја сатанизира опозицијата, рече Заев.

Говорејќи за договорот од Пржино, Заев истакна дека имал доверба во Катица Јанева. Специјалната јавна обвинителка со сите свои превземени чекори досега покажа дека работи како продолжена рака на СДСМ, па изјавата на Заев дека и верува беше помалку и смешна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.