Македонија

Заев го оправдува сопругот на Фросина Ременски

Заев го оправдува сопругот на Фросина Ременски
За Заев ДИК е демократска независна институција на која и се радуваме сите, но сега ќе ги бојкотира изборите

При денешното интервју во вестите на Кана 5, Зоран Заев произнесе низа контрадикторни ставови и неосновани твдења. Меѓу другото, тој истакна дека ги оправдува чекорите на своите партиски соработници кои станаа технички министри во МВР и МТСП.

За опозицискиот лидер членовите на СДСМ се професионалци кои техничките министри од неговата партија ги унапредиле и тој таму не гледа ништо спорно. Тој прогледува низ прссти за информациите во медиумите кои докажуваат дека токму Ременски и Спасовски наградуваат партиски кадар.

Оливер Спасовски го унапреди сопругот на Фросина Ременски за дури четири скалила, а Заев кој досега лажно се залагаше против партизација на институциите го оправдува овој чекор.

-Тој е разместен за да може како професионалец докажан да помогне во делот на контролата во овој ресор кој го води Оливер Спасовски, рече Заев.