недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

ВИДЕО: Ова е куќата каде Ел Чапо се криел од полицијата

capo

Поврзани вести

Објавени се фотографии од изрешетаната куќа-засолниште на наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, каде што пет луѓе беа застрелани во операцијата за негово повторно фаќање во Синалоа, Мексико.

На фотографиите се гледаат крвави дамки на подот, растурената кујна и дупки од куршуми на ѕидовите, како и скалилата по кои Ел Чапо се обидел да избега во градската канализациска мрежа пред да биде фатен. Куќата-засолниште, како што може да се види на фотографиите, е поврзана со градската канализација.

Според агенциите, Ел Чапо прво на специјалците им побегнал низ тајниот тунел, но тие подоцна сепак го лоцирале и го уапсиле.

Гузман беше уапссен, жив и неповреден, по престрелка со мексикански маринци во градот Лос Мочис. Во акцијата беа убиени пет лица, помошници на наркобосот, додека еден мексикански маринец беше повреден при претресувањето на куќата во која се криел Гузман.

Најчитани вести