Обама: Исламска држава е закана за граѓаните, но не е егзистенцијална закана за САД

Обама: Исламска држава е закана за граѓаните, но не е егзистенцијална закана за САД
Обама: Исламска држава е закана за граѓаните, но не е егзистенцијална закана за САД
Исламска држава не е егзистенцијална закана за САД, нагласи американскиот претседател Барак Обама во говор пред Конгресот во Вашингтон, пишува МИА.

Обама наведе дека терористите претставуваат директна закана за граѓаните и треба да бидат спречени во намерите. Но, тие не се егзистенцијална закана за нашата држава, увери Обама.

Тој додаде дека тврдењата според кои борбата со ИД е трета светска војна, се преувеличени и во корист на џихадистите.

-Ние треба да ги нарекуваме такви какви што се – убијци и фанатици кои треба да бидат искоренети и уништени, додаде тој.

Обама го повика Конгресот да одобри нацрт-закон за користење на американските вооружени сили во борбата против ИД.

-Ако Конгресот смета да ја добие таа војна….вие треба да дозволите користење на оружените сили против исламска држава. Гласајте за тоа, наведе американскиот претседател.

Тој рече дека приоритет е заштитата на американскиот народ и уништувањето на терористичките мрежи. Ал Каеда и ИД се „директна закана“ за Американците и треба да бидат ликвидирани, додаде Обама прецизирајќи дека со тоа сега се занимаваат вооружените сили на САД во Ирак, Сирија, Авганистан и други држави.

-Дури и при неутрализирање на ИД во различни региони во светот во следните децении ќе има нестабилност – на Блискиот исток, Авганистан и Пакистан, во централна Америка, Африка и Азија, тврди Обама.

Тој вели дека дел од тие региони може да станат прибежиште за нови терористички групи, а други да станат жртви на етнички конфликти или глад и да се претворат во нови бегалски бранови.

САД сметаат да решаваат меѓунардни проблеми не сами, туку во коалиција, изјави Обама.

-Кога станува збор за глобални проблеми ние ќе се погрижиме да го мобилизираме целиот свет за таква работа. Кога и помагаме на Украина да ја заштити својата демократија ил на Колумбија да стави крај на војната која трае децении, тогаш се зацврстува светскиот мир од кој ние зависиме, рече Обама.

Претседателот на САД го заврши говорот со категорична изјава за доверба во иднината на САД

-Јас верувам во промените бидејќи верувам во вас, нагласи тој по што доби аплауз и овации, јавуваат американски медиуми.