Дејвид Боуви последна „жртва“ на „ проклетството на Ремзи “

Во британските медиуми веќе подолг период се води расправа за тоа што се нарекува „ проклетството на Ремзи “, при што се поставува прашањето дали има вистина во сето тоа или пак станува збор за чиста случајност.

Имено, станува збор за тврдењето дека секогаш кога фудбалерот Арон Ремзи ќе постигне гол, починува некоја позната личност.

Последен во таа низа е британската музичка легенда Дејвид Боуви, кој почина во понеделникот, само два дена откако Ремзи постигна гол на натправарот на неговиот Арсенал против Сандерленд во натпревар од ФА Купот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.