среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

Грчева: Tој Чауш, да не случајно издава и документи за официјалната опозиција?

Со заверена тапија и тапа да си, стануваш подобен, пишува опозициската пратеничка Солза Грчева на социјалните мрежи.

solza grceva

Поврзани вести

Каде се продава тапија за опозиција? Оти ако ја немаш, ти всушност не си тоа. Џабе си зборувал, си критикувал, си анализирал… не бре требало некој да ти ја завери тапијата. Со заверена тапија и тапа да си, стануваш подобен, пишува опозициската пратеничка Солза Грчева на социјалните мрежи.

-Не за друго, туку да не ме честат „колегите“ со предавник, колаборационист итн. Мислам на оние за кои предавството е работа во Собрание, а не е влегување во Влада на Груевски. Мислам на оние за кои од петни жили докажував дека не се предавници кога други нив ги честеа секојдневно со такви епитети. Мислам на оние кои бараа санитарен тампон помеѓу мене и нив. Мислам на оние кои добар ден не ми велат. Мислам на оние на кои не им смета да си се дружат со спротивната страна, ама како во едни други времиња, тајно (похрабрите) ме прашуваат каков став треба да се има за некој закон, а не им кажала Централата. Има и такви кои смело, насамо ме поздравуваат. Мислам на оние, на кои треба дефинитивно да престанам да мислам. Па си велам тој Чауш, да не случајно издава и вакви документи за официјалната опозиција?, прашува Грчева.

solza-status

Најчитани вести