петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 65

Забранети торти со ликот на прасето Пепа и Елза од „Замрзнатото кралство“!

Хрватските слаткарници дoбија забрана за правeње торти со ликови на Дизни, со објаснување дека тоа е кршење на авторски права, бидејќи ликовите биле заштитени, а во спротивно казната е од 13.000 до 40.000 евра.

Забранети торти со ликот на прасето Пепа и Елза од „Замрзнатото кралство“

Забранети торти со ликот на прасето Пепа и Елза од „Замрзнатото кралство“

Последни вести

Забрането е производство и продажба на торти со ликовите од полпулрните цртни филмови, во спротивно следува тужба и казна од 13.000 до 39.000 евра.

Вакво кратко објаснување кон крајот на октомври добиле слаткарниците во Хрватска, од адвокатска канцеларија.

Повеќето од нив до сега по нарачки за детски родендени правеле торти со ликови на Елза и Ана од „Замрзнатото кралство“, Ниџа желки, сунѓерот Боб, прасето Пепа, ликови од Војна на ѕвездите…

Меѓутоа, како што ги известие адвокатите, станува збор за кршење на авторски права, бидејќи ликовите биле заштитени, а доколку продолжат да прават торти со нивните ликови, казната е од 13.000 до 40.000 евра.

Известувањето од адвокатите го добиле по барање на компанијата „Фан кејк фектории” во Хрватска, која единствено има право да ги продава заштитените ликови бидејќи се ексклузивен партнер и носители на лиценцата за Дизни.

„Почнавме со дистрибуција на торти на кои се наоѓаат споменатите ликови, а тортите ги продаваме во големите трговски синџири. Нашата компанија е ексклузивен партнер на групата, што подразбира дека мора да се придржуваме на строги прописи и стандарди кои ги пропишува Дизни, а тука се строго одредени мерки, букви на текстот, до боја на ликовите“, наведуваат од „Фан кејк фектории”.

Сопствениците на слаткарниците во Хрватска најмногу ги буни недереченоста на прописите, бидејќи, велат, никој со сигурност не знаел да објасни каде се границите. На пример, некои сметаат дека и пнатаму можат да направат обична торта на која може да се стават фугури или слика со споменатите ликови од цртаните филмови, но на тортата мора тоа да го стават купувачите. Сепак, други сметаат дека тортите се рачна изработка, па се прашуваат како тоа подлежи на авторски права.

Најчитани вести