Фановите на Торино во транс – Имобиле се врати во нивниот тим

Во редовите на поранешниот шампион на Италија, Имобиле доаѓа како позајмен играч од Борусија Дортмунд за што “милионерите” ќе заработат 850 илјади евра, а Торино има опција за откуп на договорот за 12 милиони евра.

Враќањето во тимот каде настапуваше една сезона, но со огромен успех, создаде еуфорија кај навивачите на Торино кои синоќа му приредија спектакуларен пречек на својот миленик.