Град Скопје подари пакетчиња во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари

Град Скопје подари пакетчиња во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари
Град Скопје подари пакетчиња во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари

По повод Новогодишните и Божиќните празници, претставници од Секторот за јавни дејности, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје го посетија Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари и подарија 104 новогодишни пакетчиња на децата кои го посетуваат центарот.

Дневниот центар секојдневно работи со 104 деца на возраст од 3-17 години и во него децата добиваат грижа, внимание, стекнуваат основни хигиенски, културни и работни навики, се описменуваат и се вклучуваат во воспитно –  образовниот процес. Во исто време се работи со нивните родители и другите членови во семејството.

Со Дневниот Центар раководи Здружението за заштита на правата на детето, кое во 2015 година беше финансиски поддржано за реализација на проектот „Интеграција на Ромските деца од ранлива категорија“. Проектот опфати континуирана работа со 120 деца згрижени во Дневниот центар, работилници во младински клуб во рамки на центарот и работилници со родители, а целна група беа ромски деца – деца на улица на возраст од 3-17 години.

За реализација на овој Проект во Буџетот на Град Скопје за 2015 година, беа предвидени 100.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.