петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Околу 1.000 нови работни места преку грант за самовработување во 2016

spasov

Поврзани вести

Сите невработени лица кои имаат бизнис идеја до крајот на јануари можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен мал бизнис.

За реализација на оваа мерка за самовработување годинава се предвидени средства од 207 милиони денари, со кои треба да се отворат 920 мали бизниси и да се остварат околу 1.000 вработувања.

Годинава има одредено зголемување на висината на грантот и тој може да се движи од од 201 до 349 во зависност од тоа колку е бизнисот одржлив и иновативен, дали има план за развој на сопствената команија. Може да се финансира и дополнително вработување со грант од 92 илјади денари.

– Мерката за самовработување преку грант се реализира од 2007 година и е една од најуспешните мерки за вработување кои ги реализира Владата на РМ. Досега преку мерката се основани над 7.700 компании. За годинава се планира основање и создавање нови 920 компании или отворање на 1.000 нови вработувања. Средствата во висина од 207 милиони денари се наменети за основање на компаниите и за набавка на опрема и репроматеријали, истакна на денешната прес-конференција дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој појасни дека грантот опфаќа обука за претприемништво набавка на опрема и репроматеријали и советодавна поддршка за правање на одржлив бизнис план.

– Околу 30 проценти од грантовите се планирани за бизнис идеи на млади лица до 29 години, односно околу 300 мали компании да основаат овие лица. Тоа значи дека 64 милиони денари се наменети за поддршка на младите невработени лица кои имаат бизнис идеја и сакаат да ја реализираат, рече Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВМР) Влатко Поповски информира дека над 73 проценти од малити бизниси кои се на ваков начин финансирани до 2014 година се активни. Над 85 проценти од учесниците кои формирале фирма, како што рече, иако некои од нив затвориле фирма, се вработени на друго работно место.

Поповски појасни дека сите заинтересирани барањата можат да ги поднесат до сите центри за вработување во Република Македонија, и да се информираат за условите и на веб страницата www.samovrabotuvanje.mk .

Најчитани вести