недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 41

Спасов: Ременски ја исполнува својата партиска задача, излегува на прес-конференција и пласира невистини

Последни вести

Фросина Ташевска Ременски очигледно не може да се помири со фактот дека тоне во своето незаконско работење и незаконско разрешување на директорите на јавни установи и хаосот што го остава позади себе со кочење на проектите во интерес на граѓаните. Против неа веќе се поднесени 15 тужби за незаконско работење и незаконско разрешување на директори на јавни установи кои согласно Закон се именувани пред само неколку месеци, велат од кабинетот на дополнителниот заменик министер Диме Спасов.

 

Сосема е јасно дека Ременски мора да ја исполни својата партиска задача и да излезе на прес конференција каде ќе пласира невистини и ќе ја замајува јавноста. На граѓаните на нашата држава им е јасно дека техничката министерка денес направи безуспешен обид да го прикрие незаконското работење и незаконското разрешување на директори на Центри за социјални работи и јавни установи поради апсурдни причини, стои во демантот.

На денешната прес конференција, се наведува во демантот, Ременски се обиде да ја манипулира јавноста со неоснована кривична пријава, при што секој може да напише или потпише лист хартија со неосновани обвинувања, да го наслови како пријава и да го достави до Јавното Обвинителство, но доколку пијавувањето е лажно како што е во овој случај, ќе одговара за кривично дело лажно пријавување.

Исто така, согласно со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Ременски има рок од 48 часа да се извини за изречените клевети. Во спротивно ќе бидат искористени сите правни механизми согласно позитивните законски прописи за надоместување на штета за навреда и клевета и предизвикана штета нанесена на честа и угледот на дополнителниот заменик министер, велат од кабинетот на дополнителниот заменик министер Спасов.

Најчитани вести