Во 2013-тата половина од потребната енергија е произведена дома

Во 2013-тата половина од потребната енергија е произведена дома. Вкупното бруто-примарно производство на енергија во 2013 година, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесувала 1.357.343 toe.

Ова како што се наведува во податоците претставува 50,1 отсто од вкупно потребната енергија.

Вкупната потребна енергија за 2013 година изнесувала 2.710.936 toe.

Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2013 година се: индустријата со 30,9 отсто, сообраќајот со 29 отсто и домаќинствата со 24,5 отсто од расположливата финална потрошувачка.