Пет сообраќајни несреќи во Скопје за 24 часа

Пет сообраќајни несреќи биле регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје.

Во две сообраќајни несреќи повредени се еден сопатник и еден пешак.

Од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, осум возачи поминале на црвено светло, односно не ги почитувале правилата за првенство на минување на возилата во зона на крстосница. Четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, а девет возачи кои не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилниот телефон додека возеле. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале надвор од пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука во 19 часот во Полициската станица од општа надлежност во Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.