ФОТО: Kонтроверзна карикатура на „ Шарли Ебдо “ за сексуалните напади во Келн

Сатиричниот француски магазин „ Шарли Ебдо “ објави карикатура посветена на сексуалните напади врз жени за време на новогодишната ноќ во Келн.

Оваа карикатури ја разбранува јавноста и предизвика поделби, при што некои оценија дека магазинот овојпат „навистина претерал“.

Како што обајви „Индепенднет“, на карикатурата е прикажано тригодишното момче Ајлан Курди, кое се удави крај бреговите на Турција и чија смрт ја потресе меѓународната јавност, како, овој пат како возрасен, извршува сексуални напади на улиците на Келн.

2

Под карикатурата стои натписот: „Што ќе правеше малиот Ајлан кога ќе пораснеше? Ќе трчаше по задници во Германија.“

Карикатурата со која авторите сакале да покажат што би можело да прави детето ако живо стигнеше до Европа, предизвика поделени реакции, но и изливи на бес и незадоволство од ваквата постапка на сатиричниот весник.