Полицијата во Финска ги истражува сексуалните напади за новогодишната ноќ

Полицијата во Финска ги истражува сексуалните напади за новогодишната ноќ
Полицијата во Финска ги истражува сексуалните напади за новогодишната ноќ

Финската полиција соопшти дека води истрага за седум случаи на сексуални напади и вознемирување жени во новогодишната ноќ во Хелсинки, извршени наводно од мажи со странско потекло.

Сите инциденти се случиле на централниот плоштад во Хелсинки и околу него, а пријавите се од жртви и сведоци.

Засега нема уапсени, наведува полицијата.

Случаи на сексуално насилство беа регистрирани во Келн за време на новогодишната ноќ и според очевидци воглавно ги извршиле странци со северноафриканско и од арапско потекло.